Кварацхелија е успешно опериран во Доха

Фудбалерот на ПСЖ, Хвича Кварацхелија, е успешно опериран во клиниката Аспетар во Доха, Катар.

Актуелниот европски шампион објави дека операцијата успешно поминала и наскоро ќе започне процесот на рехабилитација.

Кварацхелија на дерби пресметката во Лигата на шампионите против Барселона, се здоби со една од најтешките повреди во спортот. По еден дуел со Чави Еспарт, Кварацхелија ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото.

Според прогонозите, неговото враќање на терените може да се случи дури во април идната година.

Се вчитува...