Нејт Сестина уште кон крајот на минатата година доби македонски пасош, но незгодната повреда придонесе тој да почека за дебито за нашиот национален тим.
Крилниот кошаркар конечно за првпат го облече дресот на Македонија на вчерашниот триумф над Луксембург, по што Сестина замина на лекарски прегледи и потпис со нов клуб откако му истече договорот со Олимпија Милано.
Француски Асвел ќе биде новата дестинација во кариерата на новиот македонски репрезентативец, сите детали се договорени од претходно, а се чека само Сестина да ги мине лекарските прегледи за овој трансфер да биде комплетиран.
Тони Паркер како нов тренер гради крајно сериозен проект во Асвел, веќе ангажираше неколку звучни засилувања, а фактот дека легендарниот Французин го избра токму Сестина за нов играч на крилната позиција доволно говори за реномето што македонскиот репрезентативец го има на европската кошаркарска сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
