Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски беше во главна улога на вечерашниот дуел меѓу Дебрецен и Вашаш, спречувајќи пораз на својот тим (1-1).
Имено, Вашаш имаше водство од 0-1 од првото полувреме, пред тренерот на Дебрецен во 70. минута да го уфрли во игра Бабунски. Токму нашиот голгетер одлично се снајде на пет минути до крајот и постигна гол со кој спаси бод за Дебрецен.
Екипата на Дебрецен по првите три кола има три бода, со нерешени резултати на сите одиграни натпревари во досегашниот дел од сезоната во унгарскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА