Јувентус дури во вториот дел дојде до победа над Калјари, и покрај тоа што во финишот си поигра со нервите на своите навивачи, кога можеше да направи „од готово – вересија“.
Откако по првиот дел беше без голови, Јувентус преку стоперот Бремер во 60. минута дојде до предност. Во 70. минута вториот стопер Ругани зголеми на 2-0.
Сепак, Калјари брзо се врати и во 75. минута од средбата успеа да намали преку Досена. Во финишот Калјари ја погоди и стативата, и така Јувентус да се одбрани и да дојде до трите бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА