Дефанзивците на Интер донесоа триумф над Беневенто

Интер не блескаше, но успеа да стигне до очекуван триумф од 2-0 над последнопласираниот тим во Серија А, Беневенто, на „Џузепе Меаца“. Со ова тимот на Лучијано Спалети во добра атмосфера ќе го пречека градското дерби против Милан кое се игра следниот викенд.

Во отсуство на капитенот Мауро Икарди, кој се уште е повреден, дефанзивците на Интер го решија Беневенто со два гола во второто полувреме. Милан Шкрињар во 66.минута го отвори резултатот, а три минути подоцна и Андреа Ранокија ја погоди противничката мрежа. Беневенто во последните десет минути играше и со играч помалку поради исклучувањето на Виола, па немаше сили за да постигне барем почесен погодок.

Се вчитува...