Дефинитивно: Кармело Ентони го напушта Њујорк

Пропадна уште една сезона во НБА-лигата за Њујорк никс, па неслучајно раководството на овој клуб најавува коренити промени во текот на летото. Прв на удар ќе биде Кармело Ентони, суперѕвездата на никси што воопшто не ги оправда очекувањата на управата и навивачите, па претседателот Фил Џексон вечерва потврди дека Кармело дефинитивно ќе си замине од Њујор.

Со него не успеавме ништо да освоиме, ниту пак да имаме некоја позначајна сезона. Сигурен сум дека и за него како играч подобро ќе биде да си замине во друг клуб“ – изјави Џексон, широко отворајќи ги вратите за заминување на повеќекратниот олстар-кошаркар.

Ентони има уште две години од договорот со Њујорк, период во кој никси ќе треба да му исплатат 54 милиони долари. Во таборот на никси се убедени дека и покрај оваа огромна бројка ќе успеат да најдат клуб што ќе се согласи да го доведе Кармело во своите редови, а според американските медиуми во преден план се очекува да излезе тимот на ЛА клиперс, кој и зимава имаше неуспешен обид да го ангажира Ентони.

Се вчитува...