Дефинитивно: ПСЖ без Карабатиќ на Ф4 во Келн

Актуелниот европски вицепрвак ПСЖ ќе биде значително ослабен за претстојниот фајналфор турнир од Лигата на шампионите, откако Лука Карабатиќ не успеа да се рехабилитира од повредата што го мачи веќе извесно време.

Тренерот Сердарушиќ му даде дополнително време на пивотот, кој врши и одлична работа во дефанзива, да докаже дека ќе биде „фит“ за Келн, но денеска беше објавено дека нема никакви шанси тоа да се случи.

„Лука е предалеку од топ-форма за да игра. Ќе мораме да се снаоѓаме без него“ – потврди шефот на стручниот штаб на ПСЖ.

За разлика од Карабатиќ, Лук Абало ги надмина проблемите со својата повреда и ќе биде во комбинација за настапи на полуфиналниот дуел со Нант, закажан за сабота.

Се вчитува...