Дегенек: Покажавме дека Црвена звезда не е тим за потсмев

Фудбалерите на Црвена звезда остварија одличен резултат откако вечерва на своето деби во Лигата на шампионите ремизираа 0-0 против Наполи. Иако однапред прежалени, „црвено-белите“ одиграа храбро, на моменти ги послужи и среќата, но успеаја да останат непоразени и на крајот да го слават ремито со своите верни навивачи.

„Нека мисли секој како што сака, нам тоа не ни пречи. Она што го сакавме, го докажавме – дека Црвена звезда не е тим за потсмев во Лигата на шампионите. Навистина беше прекрасно да се игра, секоја чест на навивачите за атмосферата. Не беше лесно, но добро бевме поставени на теренот, имавме дури и шанси да победиме“ – изјави дефанзивецот на Црвена звезда, Милош Дегенек.

Се вчитува...