Дехари со последни подготовки пред отворањето на ЗОИ во Пекинг

Македонскиот олимпиец Дардан Дехари денеска го имаше последниот тренинг на патеката во Пекинг пред утрешното свечено отворање на Зимските олимписки игри. Дехари ќе настапи во велеслаломската и слаломската трка кои на програмата се на 13. и 16. февруари.

За потсетување свеченото отворање на игрите е утре со почеток во 13 часот по средноевропско време, а знаменосци за Македонија ќе бидат Ана Цветановска и Дардан Дехари.

„Нашиот спортист Дардан Дехари, нестрпливо ја очекува својата прва трка, но не запира со своите подготовки под будното око на својот тренер и олимпиец Антонио Ристовски кој е веќе четврти пат на Олимписките игри. Условите во Пекинг се извонредни и покрај исклучително ладното време. Со нетрпение ја очекуваме церемонијата за свеченото отварање на Пекинг Олимписки игри 2022“, стои во соопштението на МОК. 

 

Се вчитува...