Дејан Георгиевски, европски првак во таеквондо

Македонскиот репрезентативец во таеквондо, Дејан Георгиевски, оствари историски успех откако денеска се закити со златниот медал на Европското првенство што се одржуваше во Софија, Бугарија.

Македонскиот ас во првото коло го совлада Италијанецот Матео Милани, во второто коло го совлада Сердар Јуксел од Турција. Во четврт-финалето Дејан Георгиевски го совлада Чем Унлусој (Германија), а во полуфиналето беше подобар од Михајло Шелест (Украина). Следеше финале и одлична борба на Дејан против Русинот Јури Кириченко по што Дејан се искачи на врвот на европското таеквондо.

Инаку Дејан Георгиевски оваа година го освои Софија Опен (4-5 Март 2017), а на Светското Првенство во Сеул, Јужна Кореа го освои 33-то место. На ранг листата на Светската Таеквондо Федерација тој е на 77-то место, но сигурно после оваа Европска титула, Дејан многу ќе напредува и на оваа листа, со што ќе биде и многу поблиску до остварување на сонот – учество на Олимписките игри ТОКИО 2020.

Се вчитува...