Дејан Илиев доби жестока казна поради црвениот картон на дербито

Дејан Илиев доби црвен картон на дербито со Железничар во поразот од 3-0, и ќе го нема на голот на следните три натпревари, пренесува босанскиот „СпортСпорт“.

Илиев во финишот на дербито удри фудбалер на противничката екипа, а во извештајот стои дека голманот на Сараево го удрил противникот во глава.

Дисциплинската комисија одлучи тој да ги пропушти следните три меча, а во оваа казна се вклучени и првенствените и Куп натпревари.

Се вчитува...