Дејан Илиев: Морав да заминам од Арсенал за поголема минутажа

Дејан Илиев, македонскиот голман кој во моментов е дел од Тренчин, конечно заигра во својот нов тим. После повеќе од шест месеци пауза поради повреда, се врати меѓу диреците, а во меѓувреме и офицјално ја смени клупската средина после 11 години. Повеќе од една деценија Илиев беше дел од Арсенал, но за жал не заигра во првиот тим на „топчиите“. Беше во младинската екипа, а беше на клупата во финалето на Лигата на Европа во 2019 година во Баку против Челси кога неговиот тим не успеа да го освои пехарот.

Илиев за време на својот престој во Арсенал беше позајмуван во Серед, Јагелонија, Шрезбери и повторно Серед, за од оваа година и официјално да биде дел од Серед. Долго ја чекаше својата шанса во Лондон, но откако не ја доби се реши да сврти нова страница во кариерата.

„Минав долги 11 години во Арсенал, но едноставно мораше да завршам и да пресечам. Многу сум среќен што бев дел од овој голем тим, научив многу, стекнав многу пријателства, но едноставно, морав да заминам и да барам поголема минутажа. Морав да барам место каде што ќе играм натпревари и каде ќе го покажам својот квалитет. Во Арсенал има многу голема конкуренција и едноставно е тешко да се дојде до место“, изјави Илиев за „ЕКИПА“.

Сега е во словачкиот шампионат, во Тренчин каде што почна да добива шанса да настапува, нешто поради кое си замина од Арсенал.

„Сега има нов клуб, во кој брзо се адаптирав. Многу ми помогна тоа што играв веќе во ова првенство и средината ми е добро позната. Тука потпишав договор до 2023 година, и се надевам дека ќе имам успешни настапи“, рече Илиев кој додаде дека се надева тоа што ќе добива минутажа ќе му овозможи да се врати во националниот тим, со оглед дека го немаше на двата последни бараж дуели против Италија и против Португалија.

Се вчитува...