Дејан Илиев повеќе не е дел од Хелсинки (ФОТО)

Македонскиот голман Дејан Илиев повеќе не дел од финскиот прволигаш Хелсинки откако клубот денеска се збогува од чуварот на мрежата објавувајќи на социјалните мрежи.

Причина за заминувањето на Македонецот е повредата поради која пропушти дел од сезоната па Хелсинки ја искористи шансата да не му го продолжи договорот.

„Сезоната на Дејан Илиевски заврши на крајот на јули со повреда на лактот. На 11 одграни натпревари во Хелинки, Македонецот ги придоби навивачите со својот квалитет. Секогаш насмеаниот голман инспирира и надвор и на самиот терен. ХЈК не ја искористи шансата да го продолжи договорот па тој заминува на друго место.

Време е да кажеме како што велат во Македонија: Благодарам Дејан!“, стои во објавата на исландскиот клуб.

Се вчитува...