Македонскиот репрезентативен голман Дејан Илиев, предвреме го заврши дуелот со ФЦСБ во романскиот шампионат. Тој беше на голот со капитенската лента за УТА Арад, но во третата минута од судиското надополнување од првиот дел доби директен црвен картон.
Илиев играше со рака надвор од шеаснаесетникот, по што веднаш му беше покажан патот кон соблекувалната. Во тие мигови ФЦСБ имаше предност од 2-0 со головите на Бирлигеа и на Танасе од пенал.
Со тоа во вториот дел УТА Арад ќе игра со играч помалку, а во овој меч тимот на Илиев влезе со два порази по ред, и е на пат да го претрпе и третиот. Првакот на Романија во моментов се наоѓа на 10. место на табелата и оваа сезона тешко ќе ја одбрани титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

