Повеќето национални селекции објавуваат пошироки списоци за фудбалери кои ќе учествуваат на Мундијалот, но Шведска директно го објави списокот на играчи кои ќе настапуваат на Светското првенство.
Грем Потер објави 26 играчи за Мундијалот, и може да менува само доколку некој во меѓувреме се повреди.
На списокот на Потер не се најде Дејан Кулушевски. Играчот со македонско потекло нема да патува со селекцијата во САД, Мексико и Канада. Тој има сериозна повреда, поради која отсуствува веќе една година.
Крилниот напаѓач на Барселона, Руни Барџи исто така го нема во составот, а за Шведска нема да играат ниту Уго Ларсон од Ајнтрахт Франкфурт, Вилиот Сведберг од Слета и Самуел Дал од Бенфика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
