Дејан Манасков доби автомобил за добредојде во Веспрем

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков му се приклулчи на својот нов клуб, унгарскиот Веспрем со кој од утре и официјално ги стартува подготовките за новата сезона.

Манасков и другите новаци во клубот – Вилијам Акамбре, Кенет Робин Тонесен, Матијас Ѓери и Иман Џамали кој минатата сезона играше како позајмен играч во Мешков Брест деновиве ги минаа задолжителните медицински тестови. Од утре Веспрем под водство на новиот тренер Љубомир Врањеш, го стартува погонот, а во среда заминуваат на висински подготовки во Словенија.

За добредојде во Веспрем, Манасков и неговите нови клупски колеги од од раководството добија клупски автомобили.

Дејан Манасков минатата сезона беше во составот на Рајн Некар Левен со кој ја освои шампионската титула во Германија, а Весперм ќе биде нова дестинација и нов предизвик во кариерата на 25-годишниот македонски репрезентативец. Тој е втор Македонец што ќе го носи дресот на Веспрем, по Кире Лазаров кој настапуваше за унгарскиот шампион во периодот од 2002 до 2007 и со овој тим стигна до првата титула најдобар стрелец во Лигата на шампионите.

deki vesprem 2

Се вчитува...