Дејан Недев избран во бордот на директори во ИТКФ!

Еден од најдобрите македонски каратисти, Дејан Недев е избран за нов член во бордот на директори на највисокото тело на ИТКФ, на вчерашното Генерално Собрание на Светската карате федерација (ИТКФ).

Ова е големо признание за Недев, но и за македонското карате кое за првпат добива свој преставник на вака висока позиција во ИТКФ. Досегашниот претседател на ИТКФ, Ричард Јоргенсен од Канада се повлече, а за нов претседател на ИТКФ беше избран и назначен Џилберто Гартнер од Бразил.

За претседател на техничката комисија на ИТКФ е избран Ричард Јоргенсен, а меѓу останатите пет членови на оваа стручна комисија е и Венцислав Недев.

Исто така, меѓу другото на состанокот беше одлучено и Венцислав и Дејан Недев во иднина да бидат официјални преставници и преговарачи на ИТКФ со Меѓународниот олимписки комитет.

Од утре па се до недела во Монтекатини, Италија ќе се одржат натпреварите на Обединетиот светски шампионат во традиционално, модерно и контактно карате, а Македонија ќе ја преставуваат 10 натпреварувачи.

Се вчитува...