Дејан Недев како асистент на сенсеи Имура на семинар во Берлин

Светски шампион во традиционално карате, Дејан Недев од денеска па до 12. ноември во Берлин ќе биде асистент и ќе учествува на карате семинар со светскиот карате мајстор сенсеи Такенори Имура 8 дан, повеќекратен шампион на Јапонија.

Сенсеи Имура е ученик на сенсеи Масатоши Накајама, основач на првата и најстара карате организација во светот, Јапонската Карате Асоциација-ЈКА со седиште во Токио.

Овој семинар ќе биде добредојден за Недев пред претстојниот Обединет Светски Карате Шампионат кој од 1. до 3. декември ќе се одржи во Монтекатини, Италија.

Се вчитува...