Дејан Радоњиќ изедначи неверојатен рекорд поставен од Жељко Обрадовиќ

Кошаркарите на Панатинаикос приредија неверојатен камбек во евролигашкиот дуел против Жалгирис. Грчкиот тим кој имаше негатива од 27-42 на полувремето одигра маестрални втори 20 минути во кои погоди со висок процент во обидите од поле па постигна 37 поени во третата и 25 поени во последната четвртина за убедлива победа од 89-65.

Составот на Дејан Радоњиќ кој реализираше 11 од 16 во обидите за два поени, 8 од 11 за три и 13 од 19 од линијата за слободни фрлања, второто полувреме го доби со 62-23 со што го изедначи својот рекорд за најголема разлика во едно полувреме (+39).

Истиот датира од 2010 година кога предводен од Жељко Обрадовиќ, Панатинаикос првото полувреме против Олденбург го доби со 60-21. Тогаш српскиот стратег можеше да смета на бековска линија предводена од Димитрис Диамантидис, Василис Спанулис, Дру Николс и Шарунас Јасикевичиус.

Се вчитува...