Претседателот на Фудбалската федерација на Црна Гора, Дејан Савичевиќ заедно со повеќе други личности се наоѓа во центарот на скандал за злоупотреба на службената позиција, случај кој заврши во Специјалното државо обвинителство.
Кривичната пријава против поранешниот легендарен фудбалер е поднесена од страна на директорот на „C.R.E.A.M. Montenegro PPP“ алијансата и амбасадор на швајцарската организација „ImPPPact“ во Црна Гора, Дарко Влаховиќ поради сонение за „незаконска донација на техничка документација, односно за главниот проект и ревизија за источната трибина поврзани со јавни набавки и ненаменски потрошени средства на ФФЦГ оштетувајќи го буџетот за повеќе од половина милион евра во корист на фирмата „Studio K“.
Кривичната пријава датира од 16. јануари оваа година и истата досега е проследена во сите судски органи во Црна Гора.
Доколку Савичевиќ биде прогласен за виновен за обвинението му се заканува казна затвор од повеќе години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

