Дејан Станковиќ ќе биде нов тренер на Несторовски?

Дејан Станковиќ би можел на крајот на сезоната да ја напушти Црвена Звезда и да премине во италијанската Серија А, пренесуваат медиумите од Апенините. Како најсериозни кандидати за неговиот потпис се Сампдорија и Удинезе во кој член е нашиот Илија Несторовски.

Станковиќ е апсолутна легенда на италијанскиот фудбал каде цели петнаесет години беше дел од Серија А бранејќи ги боите на Лацио и Интер. Тренерската кариера ја почна во Црвена Звезда во 2019 година. Минатата година ја освои титулата во домашниот шампионат, а годинава е на добар пат да ја одбрани титулата. Станковиќ како фудбалер освои буквално се, а беше дел и од Интер на Жозе Мурињо со кој во 2010 успеа да ги освои сите титули.

 

Се вчитува...