Дејли Блинд се враќа во Ајакс?

Холандскиот интернационалец Дејли Блинд ќе го напушти Манчестер јунајтед и ќе се врати во својот матичен клуб Ајакс, најавуваат медиумите во Холандија. Тој немаше преголема минутажа кај Жозе Мурињо минатата сезона, па самиот побарал да добие можност да си замине.

Блинд играше во дресот на Ајакс од 2008 до 2014 година и настапи на 102 натпревари, постигнувајќи и три гола. Тој треба да биде второто големо засилување за Ајакс од Премиер – лигата, откако претходно потпиша и српскиот репрезентативец Душан Тадиќ, кој беше член на Саутемптон.

За Манчестер јунајтед, дефанзивецот Дејли Блинд одигра 90 натпревари и беше стрелец на четири гола.

Се вчитува...