Дејвид Блат ќе биде нов тренер на Олимпијакос

Искусниот кошаркарски стратег Дејвид Блат ќе остане на Стариот континент и во наредните две години ќе го предводи Олимпијакос. Иако имаше најави дека би можел да замине во НБА – лигата, сепак, Блат ја прифати понудата на грчкиот клуб за двегодишна соработка.

Тој во изминатите две години го предводеше турскиот тим Дарушафака. Во втората сезона направи голем успех, го освои Еврокупот и стана вториот тренер после Душан Ивковиќ што во кариерата успеал да освои трофеи во Евролигата (Макаби), Еврокупот (Дарушафака), Евробаскет (Русија) и да има олимписки медал (бронза со Русија во 2012 година).

По неуспешната сезона, раководството на Олимпијакос одлучи да му се заблагодари на Јанис Сферопулос, а Дајвид Блат треба да го наследи на тренерската позиција кај „црвено-белите“ од Пиреја.

Се вчитува...