Дејвис: Одиме на победа против Еурофарм Пелистер, сепак овој меч нема да го одлучи шампионот

Ракометарите на Вардар ќе го пречекаат Еурофарм Пелистер во ракометното класико на Македонија. Натпревар кој може да одлучи многу околу титулата бидејќи со победа „црвено-црните“ ќе заминат на три бода предност од битолчани и ќе бидат во голема предност до крајот на сезоната.

Тренерот на „вардарци“ Давид Дејвис вели дека во натпреварот ќе влезат 100 отстотно и дека нивна цел е победа.

„Немаме план А или Б. Одиме 100% против Е.Пелистер, нашиот план е да ги победиме. Не чека тежок натпревар, но играме на домашен терен. Победникот од оваа средба нема да реши се, но ќе направи голем исчекор кон титулата. Овој меч ќе биде убав за македонскиот ракометар, се надевам дека ќе уживаат сите“, изјави Дејвис. 

Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје е закажан за во сабота со почеток од 17 часот.

Се вчитува...