Дејвис пред пресметката со Вардар: Не не залажува нивниот пораз од Кил, и последните тренерски промени…

Повторувајќи ја пресметката од минатосезонското финале во Лигата на шампионите, Веспрем викендов  го пречекува Вардар во „Веспрем арената“ во првата фаза од годинашните натпревари во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Стратегот на Веспрем, а поранешен вардаров тренер, Давид Дејвис е сигурен дека ги очекува тежок дуел против тим кој секогаш игра на највисоко ниво.

„Вардар е бранител на титулата во Лигата на шампионите, и тоа доволно зборува за каков тим станува збор. Секога година постојано и постојано играат на највисоко ниво. Секогаш се повеќе од опасен тим, и така ќе биде и на овој натпревар. Воопшто не не залажува претходниот убедлив пораз од Кил. Тоа сигурно беше само лош ден за Вардар и не верувам дека тоа ќе го повторат и против нас“ – вели Дејвис.

Слично е размислувањето и на Андреас Нилсон…

„Се уште го паметиме поразот од Вардар во финалето на ЛШ од минатата сезона. Играат одлично, но ние мора да дадеме максимум за да победиме. Наша цел е секако бодовите од оваа пресметка да останат во Веспрем“ – вели Нилсон.

Се вчитува...