Дејвис предупредува: Не смееме да го „преспиеме“ реваншот со Вардар

Веспрем уште со извонредната победа во Скопје си го осигура пласманот во четвртфиналето од Лигата на Шампионите, но тренерот Давид Дејвис јасно стави до знаење дека ќе бара од своите избраници да одиграат максимално ангажирано и на реваншот против Вардар.

Разликата во квалитет беше очигледна, но никој не очекуваше дека Веспрем би можел да триумфира со 27-41 во СЦ „Јане Сандански“. Реваншот ќе биде само рутина, но Дејвис ќе инсистира на сериозен пристап од неговите избраници.

„Одигравме извонредно во Скопје, Вардар немаше загубено со повеќе од седум гола во групната фаза, а ние го совладавме со двојно поголема разлика. Сите аспекти во нашата игра функционираа беспрекорно, нормално дека сме среќни, но сега не смееме да го „преспиеме“ реваншот само затоа што имаме удобна предност. Нема да го потцениме Вардар, мораме да си ја завршиме задачата и со триумф да се пласираме во четвртфиналето“, изјави Дејвис.

Се вчитува...