Дејвис: Вардар никогаш не треба да се потцени… Тој е двократен европски шампион

Ракометарите на Вардар во четврток ќе го пречекаат унгарскиот Веспрем во првиот натпревар од осминафиналната рунда во Лигата на шампионите. Тренерот на унгарскиот шампион, Давид Дејвис вели дека и покрај големите проблеми со кои се соочува сезонава, никогаш не треба да се отпише Вардар.

„Вардар е двократен шамион во Лигата на шампионите. Секогаш е тешко да се игра против нив, дури и кога заврши како седми на табелата. И годинава имаа проблем како и сите други тимови. Тие не победија на многу натпревари, но беа во игра на сите мечеви. Не смееме да ги потцениме. Треба да бидеме будни и подготвени бидејќи Вардар ќе се бори сите 60 минути. Вардар е далеку од најлесен можен противник во топ 16. Мораме да го прикажеме нашето најдобро светло доколку сакаме да стигнеме до победа“, изјави Давид Дејвис. 

Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе се игра во четврток со почеток во 18:45 четврток .

Се вчитува...