Арсенал дополнително ја зголеми предноста во однос на Астон Вила и Манчестер сити откако „топчиите“ вечерва славеа на незгодното гостување против Борнмут со резултат 2-3.
„Топчиите“ неочекувано се најдоа во негатива во раната фаза од мечот по катастрофалната грешка на Габриел, но истиот фудбалер неколку минути подоцна стрелаше прецизно на спротивната страна и донесе израмнување од 1-1.
Во главна улога во второто полувреме беше Деклан Рајс, англискиот репрезентативец кој се опорави од повредата и со два гола го реши победникот на овој меч.
Борнмут постигна и втор гол преку Крупи со гол од дваесетина метри, но домаќините немаа сили за ццелосен камбек, па Арсенал заслужено ги освои бодовите на овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

