Дел од најдобрите млади светски пингпонгари веќе пријавени за Светскиот куп на ѕвездите во Скопје

Дел од најдобрите млади светски пингпонгари веќе се пријавени за Светскиот куп на ѕвездите во Скопје кој започнува на 5. септември.

На листата на пријавени веќе се четврторангираниот на светската листа во машка конкуренција и второрангираната во женска конкуренција.

Натпреварот ќе се одржи во спортскиот центар Јане Сандански. Настанот може да се посети бесплатно во текот на сите денови, се до 7 септември.

Оваа година Пинг понгарската федерација веќе беше домаќин на првиот WTT Contender во сениорска конкуренција и на Младинските олимписки игри.

Се вчитува...