Дел Пјеро го предупреди Јувентус: Пазете се, Интер е кадарен за титула

Легендарната „десетка“ на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро, го предупреди својот некогашен клуб дека Интер е сериозен кандидат за титулата. Тој смета дека „старата дама“ ќе има тешка задача да го одбрани шампионскиот трофеј во Калчото.

„Моите размислувања за „скудетото“? Мислам дека Интер и Аталанта имаат сериозен квалитет да се вмешаат во трката за титулата. Работите се сменија, минатата сезона Интер долг период беше во трката, но не издржа, но тимот на Конте уште посериозно се засили и доби на квалитет. Аталанта исто така има тим кој може да игра на високо ниво во континуитет“, изјави Алесандро Дел Пјеро за „Скај Спорт Италија“.

Јуве стартуваше со победа и реми во новата сезона во Серија А, а Аталанта и Интер почнаа со триумф и в среда ќе ги играат вторите натпревари од шампионатот.

 

 

Се вчитува...