Дел Потро: Годината беше тешка за мене, но ветувам ќе се вратам

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро повторно ќе му се врати на тенисот. Повредите ја уништија кариерата на поранешниот освојувач на УС опен, но тој по секоја успеа да најде сила повторно да се врати во врвот на тенисот.

По новата операција на коленото сите тениски експерти предвидуваа дека тој дефинитивно завршува со професионалната кариера, но тој и понатаму сака да се врати на терените.

„Тешко ми е што дојдов овде на УС опен. Сакам да играм. Гледам дека некои тенисери го земаа моето место. Мекенро ми кажа дека ако оздравам и успеам да се вратам јас повторно ќе бидам топ 10 тенисер. Добивам пораки кои ме охрабруваат. На почетокот на годината почина татко ми, имав операција на коленото, ми беше навистина тешко. Ова е најтешкиот гејм во мојата кариера, но ветувам ќе се вратам повторно“, изјави Дел Потро.

Се вчитува...