Дел Потро ќе мора да оди на нова операција?

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро, би можел да оди на нова операција на коленото, пренесува аргентинскиот „Ла насион“. На петиот играч на светот, во октомври минатата година му беше дијагностицирана пукнатина на чашката на коленото, поради која мораше да биде опоеративно санирана, а доколку мора повторно да оди  на операција, ќе мора да паузира минимум шест месеци.

Дел Потро го пропушти крајот на минатата сезона и почетокот на новата, а на терените се врати во феврурари на турнирот во Делреј Бич, каде во четвртфиналето беше поразен од американецот Мекензи Мекдоналд. Еден од најдобрите тенисери имаше голема желба да го брани трофејот во Индијан Велс, но коленото не успеа да го издржи напорот и мораше да го откаже настапот на првиот Мастерс турнир во сезоната.

Аргентинецот не сака по шести пат да оди на операција, а конечната одлука ќе ја соопшти до крајот на седмицата.

Се вчитува...