Дел Потро објави дека заминува во пензија (ВИДЕО)

Неверојатниот аргентински тенисер Хуан Мартин Дел Потро најави дека по турнирите во Буенос Аирес и Рио де Жанеироќе стави крај на професионалната тениска кариера. Момчето кое што можеше да има многу поголема кариера поради големиот број на повреди одлучи дека е доволно да се мачи и дека е време да се повлече од тенисот.

Токму поради повредите мораше неколку пати да прави долги пауза од тенисот, но секогаш успеваше да се врати и повторно да биде дел од светскиот тениски крем. Аргентинецот освои една гранд-слем титула на УС опен во 2009 година кога во еден неверојатен меч по пет сета славеше над Роџер Федерер.

Покрај гранд-слем титулата има две медали од Летните олимписки игри (бронза Лондон 2012 и сребро Рио 2016), а и го донесе на Аргентина толку очекуваниот трофеј во Дејвис купот во 2016 година.

 

Се вчитува...