Дел Потро потврди, ќе игра на Ролан Гарос

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро и официјално потврди дека ги надминал повредите и дека ќе настапи на гранслем турнирот Ролан Гарос, кој утре почнува на терените во Париз. Тој долг период се мачеше со повреди, а на Ролан Гарос нема настапено во последните пет години.

„Конечно, ќе играм во Париз. Многу сум среќен, и се надевам на успех“, изјави Дел Потро.

Тој во првото коло ќе се сретне со својот сонародник од Аргентина, Гвидо Пела.

Се вчитува...