Дел Потро повторно опериран – Крајот е се поблиску

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро трет пат мораше да замине на операција на десното колено. Дел Потро во текот на Мастерсот во Шангај во 2018 година ја скрши чашката на коленото. Во меѓувреме се врати на терените, но повторно се повреди поради што е надвор од терените од минатото лето. Неговиот тим соопшти дека е направена трета хируршка интервенција на коленото во Швајцарија.

„Последните месеци Делпо ги следи упатствата на својот лекар и имаше шанса да ја тестира состојбата на коленото на тенискиот терен во Буенос Аирес, но болката беше присутна. По првиот состанок во Берн, доктор Бајдерт ја предложи операцијата“, стои во соопштението. 

Најголемиот успех во кариерата Аргентинецот го оствари 2009 година на УС опен, а најдобриот пласман на АТП листата му беше третото место.

Се вчитува...