Деле Али е желбата на Реал Мадрид, во Тотенхем оди Ковачиќ

Реал Мадрид беше неочекувано пасивен во претходниот преоден рок, во кој „кралскиот клуб“ не доведе ниту една суперѕвезда во своите редови. Слабиот старт на сезоната покажа дека е направена грешка, а Флорентино Перез планира да ја поправи истата следното лето, за кога е најавено дека „кралевите“ ќе се засилат со најмалку двајца фудбалери од светска класа.

Еден од нив според шпанските медиуми сигурно ќе биде Деле Али, младиот ас на Тотенхем и на англиската репрезентација кој веќе извесно време е следен од страна на скаутите на Реал. Зинедин Зидан има исклучително високо мислење за овој фудбалер, кој ќе донесе дополнителен квалитет во средниот ред, а Флорентино е подготвен да стори се за да го доведе Али на „Сантијаго Бернабеу“.

Едно е сигурно, Тотенхем нема да го продаде својот ас во текот на сезоната, но затоа мегатрансфер може да се очекува следното лето. Впрочем, Али веќе најави менување на агентот, во игра се Мино Раиола и Жорге Мендеш, а без оглед кого ќе избере, јасно е дека тие ќе инсистираат на преселба во некој од европските гиганти. Лондонскиот клуб ќе настојува добро да го наплати заминувањето на својот фудбалски бисер, а се очекува покрај богатата отштета од над 70 милиони евра, Тотенхем да го добие и Матео Ковачиќ, како играч кој би можел да го заземе местото во тимот на Деле Али.

Се вчитува...