Деле Али останува во Тотенхем до 2024 година

Англискиот репрезентативец Деле Али одлучи да потпише нов договор со Тотенхем и се обврза да остане во клубот до 2024 година. По повеќемесечни преговори, тој се согласи да стави потпис на нова шестгодишна соработка, а ќе добие и значително зголемување на годишната плата.

Деле Али дојде во Тотенхем во 2015 година од МК Донс и прерасна во одличен играч за врска, наметнувајќи се и како стандарден член на националниот тим на Англија. Тој досега одигра 153 натпревари во дресот на Тотенхем и постигна 48 гола.

Тотенхем со неговиот потпис само ја продолжува стратегијата за продолжување на договорите со дел од најважните фудбалери. Нови договори претходно потпишаа и Хари Кејн, Хјонг Мин – Сон, Девинсон Санчез и Хари Винкс.

 

Се вчитува...