Деле Али се повреди, неизвесен за Ливерпул

Фудбалерот за врска на Тотенхем, Деле Али, заработи повреда на бутниот мускул и нема да биде дел од селекцијата на Англија на утрешниот пријателски натпревар против Швајцарија. Тој е неизвесен и за дерби – натпреварот против Ливерпул претстојниов викенд.

Засега нема прецизна информација колку би можел да отсуствува Деле Али од терените, но се очекува сепак да биде подготвен за стартот на Лигата на шампионите, и дуелот против Интер наредниот вторник.

Се вчитува...