Делегатот на ЕХФ ја призна грешката, БиХ е неправедно казнета?

Квалификацискиот натпревар меѓу БиХ и Швајцарија кој со одлука на ЕХФ службено го добија Швајцарците со 10-0, а БиХ го загуби изборениот пласман во баражот за СП 2019 поради случајот „Томислав Нујиќ“ ,се уште ја бранува ракометната јавност. Во босанските медиуми објавен е извештајот на делегатот на натпреварот, Словенецот Дарко Репеншек испратен до ЕХФ по што излегува дека БиХ е неоправдано казнета од ЕХФ.

Делегатот на ЕХФ ја признава дека направил пропуст и лично не го проверил записникот уште еднаш како ни бројот на играчи на терен.

На техничкиот состанок одржан од официјалните лица на ЕХФ (јас и двајцата судии на натпреварот) со претставниците на двата тима во 10 часот наутро, ги внесовме податоците во системската база на ЕХФ на приложената делегатска листа. Претставникот на репрезентацијата на БиХ, Гордан Музуровиќ ми ја предаде листата со означени 16 играчи. Меѓу нив играчот со број 27 Томислав Нуиќ, беше заведен под сериски број девет. Пред да ги внесеме податоците во системот, судијата Петер Херцог и јас ги проверивме и ги пребројавме два пати дали се по 16 играчи на скоја страница, така што бев сигурен дека се е во ред и дека се запишани двата тима со по 16 играчи и со службените претставници. Бидејќи организаторот во хотелот каде што се одржа техничкиот состанон не обезбеди можност да се испринтаа доволен  број копии од извештајот за натпреварот кој го одобрив во системот, принтаниот извештај го примив на половина час пред натпреварот и во тоа време го проверив со претставниците на двата тим, а точноста на податоците беше потврдена со шпотпис од претставникот на БиХ. Точно е дека поради сите обврски што ги имав, јас лично не го проверив записникот уште еднаш како ни бројната состојба на теренот“ – стои во извештајот на делегатот Дарко Репеншек.

За спорната ситуација во која подоцна во текот на квалификацискиот меч во Тузла од претставниците на швајцарската репрезентација беше утврдено дека репрезентативецот Томислав Нуиќ не е заведен во записникот, делегатот Репешек објаснува:

Тоа дека играчот А27 не е запишан во записникот, дознав во текот на натпреварот. Тоа го забележа еден од официјалните лица од швајцарскиот тим. По разгледувањето, побарав предин на натпреварот и играчот со број 27 да биде отстранет од клупата со дисквалификација (сега сум свесен дека тоа беше погрешна одлука)…После натпреварот го запишав играчот А27 и неговата статистика : 1 гол, 2 минути исклучување. Сигурен сум дека играчот Нуиќ имаше право да игра на овој натпревар и не беше запишан во записникот поради техничка грешка. Со судиите ние сме сите едногласни дека направивме грешка што го отстранивме Нуиќ од клупата во 44.минута. Играчот имаше право да игра цел натпревар…Не мислам дека протестот на Швајцарија е оправдан“ – признава делегатот на ЕХФ.

Поради пвој случај, врз основа на жалбата на Швајцарија, ЕХФ одлучи да го поништи натпреварот во Тузла на кој БиХ славеше победа и да го регистрира мечот со службен резултат 10-0 во корист на Швајцарците. Официјалните лица на БиХ до денеска имаа право да ја се жалат по одлуката на ЕХФ. Доколку одлуката на ЕХФ и покрај приложените докази остане непроменета, наместо БиХ, во баражот за СП 2019 против Норвешка ќе игра репрезентацијата на Швајцарија.

Се вчитува...