Делегацијата на Македонскиот олимписки комитет, предводена од нашиот генерален секретар Ѓорги Тасев и Бранислав Стојановски, стручен соработник на МОК, партнер и член на Комисијата за наука и спорт, успешно ја заокружи работната посета на Пекинг, НР Кина.
Во рамките на семинарот „Организација на големи спортски настани за земјите во развој“, организиран од Министерството за трговија на НР Кина, имавме исклучителна можност да учиме од врвни експерти кои беа директно вклучени во организацијата на Олимписките игри во Пекинг.
„ Ова искуство е клучна инвестиција во нашиот кадар и во развојот на спортските капацитети во Македонија. Голема благодарност до Амбасадата на НР Кина во Македонија / Embassy of the People’s Republic of China in North Macedonia за целосната поддршка при реализацијата на оваа посета. МОК останува посветен на имплементацијата на иновациите и највисоките светски стандарди во нашиот спорт“, велат од МОК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
