„Делије“ ги соблекоа – фудбалерите си заминаа по гаќи од теренот во Салцбург (видео)

Навивачите на Црвена звезда во огромен број допатуваа во Салцбург, не престанаа да ги бодрат своите миленици ниту при негативата од 2-0, а кога Чакир го свирна последниот свиреж што значеше историја – прв пласман на „црвено-белите“ во ЛШ, популарните „Делије“ влетаа на теренот.

Славеа со фудбалерите, а потоа си зедоа и сувенири од оваа историска ноќ, па ги соблекоа сите играчи, кои по гаќи се упатија кон соблекувалните.

Ова е ноќ за историја, што сигурно долго ќе се слави меѓу приврзаниците на поранешниот европски првак.

Видео: kurir.rs

Се вчитува...