„Делије“ пред дербито: „Гробари“ можат во сала со реквизити, ова нека биде лекција…

Се е подготвено за големото евролигашко дерби меѓу Црвена Звезда и Партизан, прв меч од европската елита на кој „црвено-белите“ ќе ја имаат улогата на фаворити.

Црвена Звезда во драматична завршница славеше на првиот дуел на кој Партизан беше домаќин, а „црвено-белите“ најавуваат смирување на тензиите меѓу двата клуба, давајќи дозвола за присуство и на гостински навивачи на утрешниот меч.

„Утре се игра уште едно историско дерби, за нас прво во Евролигата на домашен терен. Гостинските навивачи ќе бидат на трибините. Како што најавивме и пред првото дерби во „Арена“, дадовме се од себе за да го сочуваме ова ривалство со тоа што и гостинските навивачи беа во салата и тогаш, како што ќе бидат утре. За мечот во „Арена“, добивме вкупно НУЛА карти, до неколку часа пред мечот не знаевме ниту дали ќе ни биде дозволено да влеземе со купени билети, не ни беше дозволено да внесеме било каков навивачки реквизит со боите на нашиот клуб. Гостите утре ќе имаат право да ги внесат сите свои навивачки реквизити, се надеваме дека ова е прв чекор, што го правиме ние како навивачка група во соработка со КК Црвена Звезда, дека отсега исто ќе биде и кога ние ќе гостуваме на Партизан. Дербито е светост, дербито не е дерби ако не се присутни навивачите на двата клуба“, се вели во соопштението на „Делије“.

Се вчитува...