Делио Роси нов тренер на Палермо

Италијанскиот второлигаш Палермо го именуваше Делио Роси на тренерската позиција, откако клубот се раздели со Роберто Стелоне по ремито со последнопласираниот тим во Серија Б, Падова. Македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски во финишот на сезоната под раководство на новиот тренер ќе се обидат да го вратат Палермо во Серија А.

Делио Роси се враќа во Палермо по осум години, последен пат го водеше во периодот од 2009 до 2011 година кога имаше одлични резултати, пласман во Лигата на Европа и во финалето на Купот на Италија.

Се вчитува...