Делириум на „Маракана“: Најдоски продефилира со шампионската генерација од 1991 (ФОТО + ВИДЕО)

Вистинска ерупција од воодушевување на „Рајко Митиќ“ во Белград, или далеку пославната „Маракана“, кога на теренот на стадионот на Црвена Звезда „истрча“ легендарната шампионска генерација од 1991 година која ги испиша најславните денови на клубот.

Шампионската генерација од Бари пред 50.000 навивачи го изнесе трофејот на УЕФА и предизвика вистински делириум на трибините. Меѓу членовите на славната генерација и нашиот Илија Најдоски, покрај Савичевиќ, Михајловиќ, Шабанаџовиќ, Стојановиќ, Белодедиќ, Биниќ, Стошиќ…, а предводени од незаменливиот Драган Џајиќ и тренерот со кој се стигна до европскиот трофеј, Љупко Петровиќ. Речиси сите кои со златни букви се запишаа во историјата.

Меѓу нив, како што беше и претходно најавено, не и „златната копачка, македонскиот фудбалер на векот – Дарко Панчев.

Членовите на легендарната генерација потоа истрчаа почесен круг со пехарот, па од грлата на 50.000 навивачи добија одговор: „Да се вратат славните денови од нашето минато!“.

Фото: Игор Паневски

Се вчитува...