Делофеу одби да се врати во Барселона

Медиумите од Англија известуваат дека Жерар Делофеу  нема да се враќа во Барселона. Капитенот на шпанската репрезентација до 21 година, смета дека во Барселона нема да ја добие потребната минутажа, односно нема сигурно место во стартниот состав, покрај триото Меси-Суарез-Нејмар.

Откако потпиша за Евертон, „каталонците“ ставија клаузула од 12 милиони евра во договорот со која се надеваат дека ќе го вратат во своите редови. Делофеу во вториот дел од сезоната 2016/17 играше за Милан како позајмен играч, каде ја врати формата.

Се очекуваше кам-бек на „Ноу Камп“, но крилниот напаѓач моментално се фокусира за финалето на ЕП за млади против Германија, а се надева дека неговите партии во дресот на „Фуријата“ ќе му обезбедат значајна улога за било кој друг клуб. Наводно Милан сака да го задржи, но Шпанецот без размислување би прифатил и понуда од Јувентус.

Се вчитува...