Демант од мајката на Мбапе: Нема договор со ПСЖ или Реал Мадрид

Информацијата на Ле Парисиен за постигнат договор за продолжување на соработката помеѓу ПСЖ и Килијан Мбаше на 2+1 година за 250 милиони евра доби експресен демант од страна на мајката на 23-годишниот Французин.

Имено, како што вели официјалното соопштение младиот фудбалер нема постигнато договор со ниту еден клуб и сеуште размислува за својот иднина.

„Немаме постигнато договор со ПСЖ или со некој друг клуб. Одлуката за иднината на Килијан продолжува во спокојство за тој сам да ја донесе најдобрата одлука за себе, со почит кон сите засегнати страни“, стои во соопштението кое го пренесе доброупатениот Фабрицио Романо.

Со тоа продолжува сагата околку иднината на еден од најдобрите фудбалери на денешницата. Мбапе е дел од ПСЖ од 2018 година каде пристигна од редовите на Монако за 145 милиони евра, но неговиот договор истекува на крајот на сезоната со што ќе биде слободен да ја бира следната дестинација.

Се вчитува...