Демант од Марота: Ериксен не доаѓа во Интер

Кристијан Ериксен се наоѓа на излезна врата од Тотенхем, но негов нов клуб дефинитивно нема да биде Интер. Италијанските медиуми шпекулираа дека „нероаѕурите“ постигнале договор за да го доведат данскиот плејмејкер во својот табор, но ова синоќа беше демантирано од страна на директорот на Интер, Џуепе Марота.

„Преговараме со различни агенти и клубови за да ги засилиме нашите редови, без оглед што екипата во моментов бележи одлични резултати. Се уште немаме донесено конечна одлука за одредени ситуации, бидејќи сакаме добро да размислиме пред да комплетираме некој трансфер. Не сакам  да говорам за имиња, но во ситуација кога се пишуваше многу за Кристијан Ериксен, можам да кажам дека не сме разговарале ниту со неговиот агент, ниту пак со клубот“ – изјави Марота,

По ваквиот развој на настаните, во трката по плејмејкерот на Тотенхем остануваат три клуба, Реал Мадрид, Јувентус и ПСЖ.

Се вчитува...