Демант од шефот на Барса: Немаме договор со Левандовски

Експресен демант пристигна од извршниот директор на Барселона, Матеу Алемани, кој проговори за една од најактуелните теми околу можното привлекување на Роберт Левандовски. Според различни извори, Лева веќе ги договорил личните услови со Барса, а каталонците се подготвени за него да платат 40 милиони евра на Баерн (Минхен).

Алемани истакна дека Барса има почит кон фудбалерот, но пред да почнат било какви преговори прво ќе зборуваат со клубот.

„Имаме голема почит кон Левандовски , тој е многу важен играч за неговиот тим. Живееме во свет на медиумски шпекулации. Можам да кажам дека немаме договор со него. „Ако сме заинтересирани за играч, прво ќе разговараме со неговиот клуб. Нашиот број 9 следната сезона ќе биде Пјер-Емерик Обамејанг. Тоа не значи дека нема да го следиме пазарот и да реагираме доколку се укаже добра можност“, додаде директорот на Каталонците.

33-годишниот Левандовски се уште не го обновил договорот со Баерн и не е јасно дали ќе го стори тоа. Полјакот има 47 гола во сите натпреварувања во сезоната.

Се вчитува...