Демант од тимот на Надал: Не е сигурен за Австралија Опен!

И покрај тоа што денеска од страна на поголемиот дел светски медиуми беше објавено дека Рафаел Надал со сигурност ќе игра на Австралија Опен 2024, сепак демант од тимот на шпанскиот тенисер.

Иако директорот на Австралија Опен, Крег Тајли соопшти дека освојувачот на 22 гранслем титули ќе игра на следниот турнир во Мелбурн набрзо следеше демант.

„Ги видовме информациите во медиумите, но мора да демантираме затоа што тоа не е точно. Дефинитивно уште не знаеме дали Рафа ќе може да игра, прерано е да се каже. Не објавивме датум на негово враќање на турнирите токму од таа причина – затоа што уште не знаеме кога ќе биде тоа. Рафа сега само што почнува да тренира“ – соопшти Бенито Перез Барбадиљо, кој е претставник на Надал за јавноста.

Се вчитува...