Дембеле донел одлука за својата иднина?

По водство на Чави, Усман Дембеле конечно го покажува сјајот кој од него се очекуваше. Фудбалерот кој се сметаше за едно од најголемите промашувања во историјата на каталонскиот клуб сега е еден од најдобрите играчи во тимот па се поверојатно е дека ќе остане во редовите на шпанскиот гигант и во иднина.

Првичните преговори помеѓу Французинот и Барселона пропаднаа по што се очекуваше да го напушти тимот веќе во зимскиот преоден рок, но сега работите се промените. А, како што пренесува „Мундо Депортиво“, 24-годишникот им соопштил на соиграчите дека останува.

„Сакам да останам во Барселона. Пресреќен сум тука и верувам во овој проект. Покрај тоа задоволен сум од соработката со Чави“, изјавил францускиот репрезентативец.

Дембеле пристигна во Барселона во 2017 година во трансфер вреден 140 милиони евра, но преголемиот број на повреди го спречија да го покаже својот потенцијал. Дали ќе успее во тоа во иднина и конечно ќе постане првата ѕвезда на каталонците останува да видиме.

Се вчитува...